Најмногу ќе страдаат извозните компании, сметаат експертите.
Додека власта смирува, стручната јавност предупредува, а и состојбата во производствените капацитети укажува дека Македонија ни малку не е имуна, односно светската економска криза ,,тропа и на нашите порти“. Вработените од металуршката индустрија, пред неколку дена ја повикуваа владата, поради намалувањето на цените на металите на светските берзи, и ја почувствува глобалната економска криза. 500-тини работници веќе се на принуден одмор, платите се преполовени, вработените од Фени индустри пораката на незадоволство и барањата за одредени субвенции за да ја пребродат ситуацијата, преку штрајк ја испратија до владата. Како понатаму, од што ќе се живее, со безброј прашања живеат деновиве, работниците од металуршката индустрија.
Освен металуршката индустрија, македонската берза изминатиов период го забележа досега најголемото намалување на вредноста на акциите во својата историја. Нема друго објаснување, коментираат берзанските аналитичари, освен тоа дека рецесијата на глобално ниво и падот на акциите на светските берзи, е причина за оваа ситуација.
Кои се мерките што можат да се преземат? Засега најпогодената – домашната металуршка индустрија, побара од државата да им помогне со намалување на цената на струјата, откажување од акцизите, враќање на бесцаринската зона, концесионерство, се само дел од барањата што до владата најпрво ги испорачаа металурзите, со одредени идеи погодени од економската криза во светот, до власта се обратија и од кожарската и текстилната индустрија. Владата упати на тоа дека компаниите, загубите можат да ги покријат од претходните остварени приходи, но експертската јавност вели дека постојат одредени механизми преку кои државата може да им помогне на компаниите.
Прво, да се проучат правилата на ЕУ. Таму има јасно специфицирани правила што во кој случај може да се направи. Кога тоа го прават земјите членки на ЕУ, треба да видиме што тие прават, потоа една анализа што реално на овие најпогодени сектори кај нас им треба како помош и потоа тоа да се смисли како најефикасно да се изведе.
Мора да бидеме подготвени, посебно што според мислењата и на домашните, но и на меѓународните експерти 2009-та ќе биде година кога Балканот и посилно ќе ги почувствува негативните ефекти од економската криза која го потресе светот
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град