Македонска делегација на бизнис форуми во САД

Македонска делегација, предводена од премиерот Никола Груевски денеска ја започнува неколку дневната посета на САД, каде утре и на 14 ноември ќе учествува на бизнис форуми во Сан Франциско и Чикаго.

forum
форум

Македонска делегација, предводена од премиерот Никола Груевски денеска ја започнува неколку дневната посета на САД, каде утре и на 14 ноември ќе учествува на бизнис форуми во Сан Франциско и Чикаго.

Според најавите, утре ќе се одржи Бизнис Форумот „Македонија – земја на ИТ експерти“ во Силиконската долина во Сан Франциско, на кој делегацијата ќе ги презентира економските политики со посебен фокус на реформите за унапредување на информатичкото општество и образованието насочени кон подобрување на вкупната бизнис клима и привлекување реномирани американски инвеститори.

Меѓу главните презентери на Форумот ќе бидат и американскиот амбасадор во Македонија, Филип Рикер, како и членот на Бордот на Македонија 2025, Џон Битов.

Golden gateЗа време на посетата на Сан Франциско, македонската делегација ќе оствари средби со неколку компании – гиганти во информатичката технологија, меѓу кои „Интел“, „Оракл“ и „Хјулит Пакар“.

Според најавите, на 14. ноември на Бизнис Форумот „Македонија – Новото Економско чудо во Европа“, кој ќе се одржи во Чикаго, македонската делегација пред повеќе од 100 претставници на моќни американски компании, меѓу кои и членки на Fortune 500 листата, ќе ги презентира условите и погодностите за инвестирање во Република Македонија. На Форумот ќе се обрати и претседателот и главен извршен директор на „Нортел“ и член на Бордот на директори на Македонија 2025, Мајк Зафировски.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top