За киднаперите на гостиварскиот имам Идризи 54 години затвор

Апелацискиот суд во Тирана изрече вкупна затворска казна од 54 години на петмина албански државјани обвинети за киднапирање на  гостиварскиот оџа Ирфан Идризи.

sud Tirana
суд Тирана

Апелацискиот суд во Тирана изрече вкупна затворска казна од 54 години на петмина албански државјани обвинети за киднапирање на  гостиварскиот оџа Ирфан Идризи.

Казна затвор во траење од 12 години осуден е Масар Мели, една година помалку добиле Кораб Мели и Шкелќим Пелуши, додека на по 10 годишна казна се осудени Беќир и Бастри Шаху.

TiranaИдризи, кој тогаш имал 45 години, бил кинднапиран на 2 декември 2002 година во гостиварското село Форино, по што бил пренесен во северниот албански град Кукс.

Од неговите најбилски барале откуп од еден милион евра. Парите семејството ги исплатило, но Идризи не бил вратен. Тој се уште се води како исчезнат.
Идризи потекнува од богато семејство, а негоивот брат, Гајур, според албанските медиуми имал голем бизнис и во Хрватска.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top