Во рамки на манифестацијата „Есенски музички свечености“, денеска на сцената на Македонската опера и балет ќе биде изведена операта на Волфганг Амадеус Моцарт „Волшебната флејта“.
Во рамки на манифестацијата „Есенски музички свечености“, денеска на сцената на Македонската опера и балет ќе биде изведена операта на Волфганг Амадеус Моцарт „Волшебната флејта“.
Авторската екипа е од Австрија. Претставата ја режираше Ангела Цабрса. Сценографијата и костимографијата е на Ана Катарина Штробл, косценограф и светло дизајн е Волфганг фон Џоубек.
Под диригентската палка на гостинот од Австрија Рикардо Моресо во главните улоги ќе настапат нашите интернационалци Благој Нацоски (Тамино), Ана Дурловска (Кралица на ноќта), Игор Дурловски (Зарастро) и гостинот од Србија Владимир Андриќ (Папагено). Во улогата на Памина ќе настапи Александра Лазаровска.
Во претставата учествуваат солистите, хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на МОБ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град