Македонија со серија предлози за Грција, во однос на спорот за името

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, смета дека нашиот јужен сосед треба сериозно да пристапи кон македонските иницијативи доколку се искрени нивните намери за надминување на деценискиот спор.

 |  Мишел Наумоски  | 
minister za nadvoresni
министер за надворешни

Со предлози кои варираат од отворање на нов граничен премин со Грција во Маркова нога, па до подготвеност за средби на највисоко политичко ниво, Република Македонија покажува активност пред генералното собрание на ОН во Септември. Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски вели дека целта на нашата земја е да се создаде што е можно поповолна клима во однос на спорот со Грција околу уставното име на Македонија. Попоски смета дека нашиот јужен сосед треба сериозно да пристапи кон македонските иницијативи, доколку се искрени нивните намери за надминување на деценискиот спор.

minister Nikola Poposki„Ние и нашиот пристап е да ги искористиме сите можности Грција да одговори позитивно, да ја зголеми изложеноста на комуникација на политичко ниво и да покаже дека е сериозно посветена на тој процес. Бидејќи со реторика во која едноставно се префрла топката, а ништо конкретно не се прави за надминување на спорот од страна на Република Грција, под закрила на фактот што има повисоки приоритети за кои ние сме сосема свесни, мислам дека е целосно неоправдано од аспект на европската интеграција, мислам дека треба да се излезе конкретно со подршка за започнување на преговорите и од аспект на НАТО алијансата мислам дека час-побрзо треба да се избегне оваа нелегална опструкција од страна на Грција.“-рече министерот Попоски.

Попоски вели дека по серијата предлози упатени кон грчка страна, сега останува на политичкото водство во Атина да одговори со конкретни гестови и со позитивен одговор кон позитивната клима која ја создава Република Македонија. За Македонија вели останува да се следи досегашниот курс.

EU parlament„Мислам дека најдоброто што можеме да го направиме од аспект на Република Македонија е коензистентно и принципиелно да опстоиме на нашиот пат. Она што го правиме како дејствување во рамки на НАТО алијансата, да опстоиме да го правиме исто како земја членка на НАТО алијансата, и сите реформи кои ги правиме во рамки на интеграциите во Европската унија, да опстоиме да ги правиме, бидејќи примената на европските стандарди во Република Македонија е нешто што е главна придобивка за нас и нашите граѓани. Тоа коензистентно ќе го правиме и ќе очекуваме ЕУ да го зачува кредибилитетот на проширувањето.“-додаде министерот.

Во однос на можното придвижување на разговорите пред генералното собрание на Обединетите нации, министерот Попоски изрази надеж дека ќе надвладее разумот кај грчката страна и дека нашиот јужен сосед ќе се однесува како одговорна членка на НАТО, Европската Унија и пред се Обединетите нации.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top