На гробиштата во струмичкото планинско село Рич, денеска ќе бидат погребани телата на Блажо (50) и Пено (46) Стојанови, работници на ЈП „Македонски шуми” -шумско стопанство „Беласица”, кои настрадаа во гаснењето на пожарот во понеделникот над Струмица.
Општина Струмица денеска прогласи Ден на жалост за несреќно загинатите.
– Сочувствуваме и ја делиме болката со семејствата на трагично загинатите наши сограѓани, кои и по цена на нивните животи се жртвуваа во гаснењето на огнената стихија. Во истовреме нашите молби се за заздравување на преостанатите тројца наши сограѓани,кои се на лекување во Скопје,изјави градоначалникот Зоран Заев.
По соопштувањето на трагичната вест, од синоќа, струмичани на плоштадот „Гоце Делчев” палат свеќи за браќата Блажо и Пено Стојанови.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град