Реализирани над 90 отсто од плановите на Владата за првите сто дена

Владата реализираше над 90 проценти од ветеното во програмата со која ја доби довербата од граѓаните.

Vlada
Влада

Владата реализираше над 90 проценти од ветеното во програмата со која ја доби довербата од граѓаните.

Остварени се планираните 183 проекти и мерки и дополнителни 11 проекти, а се интензивирани и претходно почнатите активности за реформи во многу области, истакна во денешното обраќање  премиерот Никола Груевски, кој направи пресек на исполнетите владини ветувања од формирањето на владинот кабинет пред сто дена.  
Премиерот истакна оти во изминатите 100 дена Владата работела секојдевно и посветено на решавање на проблемите на граѓаните и на развој на државата и порача дека нема да дозволи да ја изгуби нивната доверба.

sediste VladaГруевски ги наброја и нереализираните активности, кои пресметал дека изнесуваат 10 проценти од ветеното, и призна дека Владата направила и грешки кои, како што нагласи, не биле стратешки.
Премиерот оцени дека Македонија направила значаен прогрес во исполнувањето на осумте критериуми за интеграција на државата во ЕУ и оти министрите спровеле интензивна дипломатска активност. Набројувајќи ги резултатите во борбата против криминалот и корупцијата, Груевски ја нагласи акцијата „Пепел“ и остварениот напредок за 12 места на листата на „Транспаренси интернешнл“ за борба против корупцијата.

Најголем успех Кабинетот на Владата постигнал на полето на економијата, за чии зголемени позитивни параметри премиерот ја упати опозицијата да се информира од извештаите на Светската банка, Меѓународниот монетарен фонд и од Европската комисија. Нови странски директни инвестиции во износ од 300 милиони евра, раст на идустриското производство за 15,7 проценти, зголемување на платите во јавната администрација и на пензиите, се дел од успесите што ги посочи Груевски на економски план.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top