Road show-то на Владата во Кина

Премиерот Никола Груевски денеска во Пекинг ќе се обрати на бизнис форум во рамки на политичко-економска посета на Народна Република Кина.

nikola gruevski
никола груевски

Премиерот Никола Груевски денеска во Пекинг ќе се обрати на бизнис форум во рамки на политичко-економска посета на Народна Република Кина.

Бизнис форумот е организиран од Кинескиот совет за промоција на меѓународната трговија и соработка, предводен од претседателот Ван Џифеи.

состанокВо рамките на форумот ќе биде потпишан и меморандум за разбирање меѓу Агенцијата за странски инвестиции и поттикнување на извозот и Кинескиот совет за промоција на меѓународната трговија и соработка.
Македонската делегација предводена од премиерот во рамки на посетата ќе оствари средба и со премиерот на Народна Република Кина, Вен Џиабао и ќе присуствува и ќе се обрати на бизнис форуми за привлекување странски инвестиции и претставување на можностите за инвестирање во Македонија во Пекинг, Ченгду, Шангај и Хонг Конг.
Груевски во Кина е придружуван од вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, министерот задолжен за привлекување странски инвестиции Веле Самак и директорот на Агенцијата за странски инвестиции и поттикнување на извозот Висар Фида.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top