Лустрацијата пред пратениците

Денес во Собранието на република Македонија на дневен ред ќе биде Предлог законот за определување услов за ограничување за вршење јавна функција.

register
регистер

Денес во Собранието на република Македонија на дневен ред ќе биде Предлог законот за определување услов за ограничување за вршење јавна функција.

sobranie na RMПокрај ова, на дневен ред ќе бидат и повеќе точки од областа на администрацијата, финансиите, судството, културата, екологијата, земјоделството.Во собранието денес ќе се расправа и за предлозите за избор на судии во Уставниот суд, потоа за избор на членовите во Советот на радиодифузија, потоа предлог за разрешување и именување на нов претседател и членови на Комисијата за заштита од конкуренција, потоа избор на заменик директор на Дирекцијата за заштита на личните податоци, предлог за именување членови на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, предлог за избор на еден член на Советот на јавните обвинители на РМ.

Покрај ова ќе бидат разгледани и одлуките поврзани со именување на заменик на генералниот секретар на Собранието на РМ, потоа именување на членовите на Комисијата на Агенцијата за пошти, Советот за статистика, како и предлози и одлуки за менување на членови и претседатели на одборите за доделување на државни награди т.е. наградите „Мајка Тереза“, „Св. Климент Охридски„ и „23 Октомври“.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top