МПЦ, СПЦ, РПЦ …

Македонската православна црква нема да го одбие руското посредување за спорот со Српската православна црква.

ruska crkva
руска црква

Македонската православна црква нема да го одбие руското посредување за спорот со Српската православна црква, но таквата понуда Руската православна црква се уште не испратила официјално во Скопје, изјави македонскиот митрополит Тимотеј, пренесува српски Курир.

Тој, на изјавата на митрополитот на Руската православна црква Иларија Алфејава, дека неговата црква може да посредува за конечен крај на расколот меѓу Српската и Македонската црква, изјви дека предлогот на Русите е добар, но дека е скептичен оти српската страна сака договор.

ruska crkvaСпоред него, отвореното прашање поврзано со Јован Вранишковски, кого СПЦ го смета за претставник од Македонија, а македонските власти го теретат за парични малверзации, ќе биде значаен проблем.

„Македонската православна црква со задоволство ја прифаќа понудата на руската страна доколку Српската православна црква го прифати предлогот. СПЦ во овој момент не е заинтересирана, бидејќи  смета оти Вранишковски е обесправен, осудуван и затворен“, изјави Тимотеј.

Митрополитот Иларион Алфејев понудил помош во интервјуто за Бугарското национално радио и изјавил дека Руската патријаршија сака самостојност за МПЦ и без официјално признание на сите православни цркви.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top