Вицепремиерот Џафери во посета на Бугарија

Вицепремиерот задолжен за имплементацијата на Рамковниот договор, Муса Џафери денеска ќе престојува во посета на Бугарија.

Musa Dzaferi
Муса Џафери

Вицепремиерот задолжен за имплементацијата на Рамковниот договор, Муса Џафери денеска ќе престојува во посета на Бугарија.

Musa DzaferiЏафери ќе има обраќање на конференцијата организирана од Атлантскиот клуб на Бугарија на тема: „Евро-атлантската ориентација на Косово“.

За време на престојот во Софија, вицепремиерот Џафери ќе се сретне со претседателот на Бугарија, Росен Плевнелиев, со вицепремиерот и министер за финансии, Симеон Дианков, како и со министерот за надворешни работи, Николај Младенов.
Џафери, исто така, ќе има средби и со директорот на Атлантскиот клуб на Бугарија, Соломон Паси и со поранешниот претседател на Бугарија, Петар Стојанов, се вели во соопштението на Секторот за односи со јавноста на Секретаријатот за Имплементацијата на Рамковниот договор.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top