Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, денеска ќе учествува на состанок на министрите за внатрешни работи и за правда на земјите на процесот за соработка во Југоисточна Европа (SEECP).
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, денеска ќе учествува на состанок на министрите за внатрешни работи и за правда на земјите на процесот за соработка во Југоисточна Европа (SEECP).
На состанокот што ќе се одржи во главниот град на Молдавија, Кишинау, главни теми ќе бидат од областа на незаконското користење на личните податоци и од областа на компјутерскиот криминал.
Министрите за внатрешни работи од процесот за соработка во Југоисточна Европа ќе потпишат и заедничка декларација за соработка во насока на целосна имплементација на Конвенцијата на ОН за борба против транснационалниот организиран криминал, Конвенцијата на Советот на Европа за компјутерски криминал и Конвенцијата за полициска соработка на Југоисточна Европа.
Инаку, министерката Јанкулоска заедно со својот молдавски колега ќе го потпишат и договорот за реадмисија меѓу Република Македонија и Република Молдавија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град