Македонија напролет ќе го храни регионов со ран зеленчук

 

Во Србија и во сите земји од регионот се очекува недостиг на свеж зеленчук напролет заради неповолните временски услови, проценуваат аналитичарите и земјоделците во Србија, а јавува Б92 од Белград.

 |   | 
zelencuk
зеленчук

Ширум Србија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина пластениците се оштетени заради големи количества снег и ниски температури. Оние што ќе имаат најголема корист од ваквата состојба најверојатно ќе бидат одгледувачите од Македонија, смета Б92.

zelencuk
Единствена соседна земја, која не е погодена од ниските температури, се вели во веста, е Македонија, така што тамошните производители на ран зеленчук веројатно ќе имаат корист од ваквата состојба, јавува Б92.

Кога станува збор, пак, за македонските потрошувачи, ова значи дека раниот зеленчук во земјава ќе биде многу скап зашто ќе има зголемена побарувачка од странство.

Кон средината на декември лани „Танјуг“ објави дека дури 60 отсто од увозните домати во Србија во 2011 година стигнале од Македонија. Покрај тоа, значителни количества на лубеници што се продавале во Србија, исто така, биле од Македонија, а слична е состојбата и со компирите, На северниот сосед, покрај ова, лани сме му продавале и големи количества краставици, пиперки и лук.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top