Снежните врнежи наместа проследени со силен ветер затворија неколку патни правци во Македонија, а има појава и на поситни снежни лавини, соопшти претпладнево АМСМ:
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во државата се одвива исклучително отежнато и забавено по влажни и лизгави коловози и со големи остатоци од снег.
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на планинските превои Стража, Пресека, Буково, Ѓавато, како и на патните правци крак Маврово – Дебар, Дебар – Струга и Струга – г. п. Ќафасан.
Поради поинтензивни врнежи од снег и силен ветар, има појава на поситни лавини на превоите Ѓавато, Стража и Маврово преку кои не се препорачува патување без некоја поголема потреба.
На превојот Маврово во моментов можност за сообраќај има само за патнички возила. На патниот правец Битола – Нижеполе – Молика (Р506) задолжителна е употреба на зимска опрема за сите видови на возила.
Посебна внимателност на патниот правец Дебар – Струга поради можна појава на одрони.
На возачите им препорачуваме крајно внимателно возење, прилагодена и намалена брзина на движење на отежнатите услови за сообраќај и одржување на потребното растојание помеѓу возилата.
Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини. На граничните премини нема подолги чекања.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град