Ќе посвоите дете ако жената плете, а мажот оди на лов и риболов?

Мајката да плете, да шие, да везе или да слика, а таткото да оди на лов, на риболов, да планинари или пешачи за поголеми да се шансите за посвојување на дете.

 |   | 
bebe
bebe

bebeМајката да плете, да шие, да везе или да слика, а таткото да оди на лов, на риболов, да планинари или пешачи за поголеми да се шансите за посвојување на дете. Ова се дел од критериумите кои носат повеќе поени и повеќе шанси при апликацијата за електронско посвојување дете кое кај нас се практикува една година, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Според информациите, далеку поголеми шанси да посвојат дете имаат оние родители кои живеат во град, а имаат и дуќан, викендичка, па и стан од 120 квадратни метри.

Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски вчера изјави дека посвојувањето на децата во иднина ќе биде на централно ниво, за да се избегнат сите видови дискриминација на посвоителите.
– Изборот на децата ќе се врши на ниво на цела држава и ќе се изберат првите три најсоодветни посвоители без разлика каде живеат или од каде доаѓаат децата, а не како досега, ако нема кој да го посвои детето, документите да се предаваат од еден на друг Центар за социјална работа – изјави Ристовски.

Тој напомена дека досега регистрацијата на децата траела предолго, а имало и случај кога девет месеци детето не било ставено во регистарот за посвојување, иако ги исполнувало условите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top