Граѓаните ќе добијат по 300 евра за вграден сончев колектор

Министерството за економија ќе надоместува по 300 евра од трошоците на секое семејство за вграден сончев колектор. Граѓаните може да аплицираат за овие средства на огласот што веќе е објавен и ќе трае до крајот на мај годинава.

 |   | 
solar sistem
соларен ситем

solar sistemМинистерството за економија ќе надоместува по 300 евра од трошоците на секое семејство за вграден сончев колектор. Граѓаните може да аплицираат за овие средства на огласот што веќе е објавен и ќе трае до крајот на мај годинава.

Министерот Ваљон Сарачини вели дека со вкупно одвоените шест милиони евра во буџетот, ќе се покријат околу 350 семејства.

„Апелирам до граѓаните масовно да се пријават на јавниот повик. Процедурата е многу едноставна, се пополнуваат соодветен образец и барање, но треба да се достави и фактура за вграден колектор“, рече Сарачини на прес-конференција, додавајќи дека изборот на апликантите ќе биде јавен и е предвиден за јуни.

Цените на енергенсите стануваат сè повисоки, а Македонија има огромен потенцијал за искористување на сончевата енергија.

„Речиси 2.500 семејства имаат инсталирано сончеви колектори, што, според нашите анализи, значи годишна заштеда од 10.000 денари. Ако сите 600.000 семејства вградат колектори, годишната заштеда би била околу шест милијарди денари“, процени министерот Сарачини.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top