Од МВР информираат дека дел од граѓаните веќе почнаа да го користат новиот режим на патување и да заминуваат кон Ниш, така што околу пладне на граничниот премин „Табановце“ веќе се упатиле 10-тина автобуси, но и поголем број возила на кои во шест ленти им се овозможува излез од земјава, а просечното време на чекање е околу 30-тина минути.
Ракометната федерација на Македонија апелира до сите македонски навивачи кои планираат утре да заминат за Србија за да ја бодрат македонската репрезентација на воведниот меч од европското првенство против Шведска, да заминат за Ниш што е можно порано за да ги избегнат гужвите и да стигнат на време.
Според РФМ, гужва на граничниот премин е регистрирана и денеска, на првиот ден од стапувањето на сила на договорот за патување само со лична карта, а утре се очекува уште поголем број на автомобили и автобуси да отпатуваат за Србија.
Од МВР информираат дека дел од граѓаните веќе почнаа да го користат новиот режим на патување и да заминуваат кон Ниш, така што околу пладне на граничниот премин „Табановце“ веќе се упатиле 10-тина автобуси, но и поголем број возила на кои во шест ленти им се овозможува излез од земјава, а просечното време на чекање е околу 30-тина минути.
Според информациите на МВР, најголема фреквенција се очекува во текот на утрешниот ден од 10 до 15 часот за кога се најавени 20-тина автобуси и комбиња, како и поголем број на патнички возила.
Навивачите кои ќе патуваат организирано од српска страна ќе бидат пречекувани и проследувани од српската полиција, додека од македонска страна на граничниот премин „Табановце“ ќе биде распореден и еден вод на Единицата за брзи интервенции, доколку се јави потреба или има некакво нарушување на јавниот ред и мир.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град