Промовиран сајтот „Стоп педофилија“

Министерството за труд и социјална политика денеска го промовираше веб-сајтот www.stop-pedofilija.org.mk, кој дава информации како да се препознае педофил, кој може да стане жртва на сексуална злоупотреба и каде децата да се обратат за помош.

 |   | 
sajt
sajt

Министерството за труд и социјална политика денеска го промовираше веб-сајтот www.stop-pedofilija.org.mk, кој дава информации како да се препознае педофил, кој може да стане жртва на сексуална злоупотреба и каде децата да се обратат за помош.
sajt
Мотото на веб-сајтот е „Секој почеток е тежок. Скрши ја тишината. Побарај помош. Помогни им на другите“.

Министерството спроведува и едукативни работилници во 126 основни и средни училишта, но ја избра и оваа форма за информирање на најмладите зашто се тие и најчести корисници на интернетот.

– Примарна цел е подигнување на јавната свест, но и мотивирање на децата кои веќе биле изложени на сексуална злоупотреба и педофилија како тоа да го пријават. Децата најчесто кријат дека се сексуално злоупотребени, но тишината треба да биде скршена. Тие ќе може да ја пријават секоја злоупотреба зашто ефикасноста е во превенцијата, пред децата да бидат повредени – рече денеска министерот за труд и социјала, Спиро Ристовски.

Тој порача дека се поразувачки фактите, зашто едно од пет деца во Европа е жртва на некој облик на сексуално насилство.

Веб-сајтот треба да ги предупреди децата дека педофилите не се непознати луѓе, туку најчесто од нивното опкружување. Дури во 85 отсто од случаите, жртвата го познава сторителот. Ристовски рече дека бројот на осудени педофили не е голем, а деца-жртви на педофили во 2011 имало меѓу 65 и 70, што е за околу 50 отсто повеќе во однос на 2010 година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top