Притвор за 33 лица уапсени во „Бришач“

За 33 лица фатени во акцијата „Бришач“ истражниот судија донесе мерка притвор во траење од 30 дена.

 |   | 
svr
svr

policijaЗа 33 лица фатени во акцијата „Бришач“ истражниот судија донесе мерка притвор во траење од 30 дена.

Меѓу нив се 17 -те полицајци, раководители на увидна екипа и крим техничари кои, според МВР, правеле лажни извештаи за наводни сообраќајки за исплата на оштета од осигурителни компании. На останатите во акцијата„Бришач“ им е одреден домашен притвор. Испрашувањата, пред истражните судии траеше до 4 часот утрината.

Во акцијата „Бришач“, полицијата соопшти дека има докази за 13 лажни сообраќајки за кои од осигурителните компании биле исплатени 2 милиони денари. Токму осигурителните компании и се обратиле во полиција, откако увиделе дека исти полицајци биле потпишувани на извештаите, а сообраќајките наликувале една на друга. Нивните сомневања ги потврдиле и вештаците.

Притворените ќе одговараат за злоупотреба, осигурителна измама, фалсификување и помагање. Е.И.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top