Како грчките медиуми ја доживеаја пресудата во Хаг?

Грчките медиуми со неверување и со лоша реакција ја прифатија пресудата од Хаг.

 |   | 
presuda-hag
presuda hag

Грчките медиуми со неверување и со лоша реакција ја прифатија пресудата од Хаг.
presuda-hag
Грчкиот „Етнос“ денес напиша дека Грција е осудена за ветото.

„Хаг: Грција ја прекрши времената спогодба со БЈРМ, одлуката е конечна, без право на жалба“. Вака извести Елефтеротипија.

Та Неа посочи дека одлуката е донесена со 15 гласа за и еден против. „Судот на страната на Скопје- прифатена тужбата на БЈРМ против Грција“, известува Та Неа.

Грчкиот правен тим во Хаг денес не пристигна во полн состав, а Атина најави дека ќе ја проучува одлуката на судот.

– Со целосна почит кон Меѓународниот суд како основен судски орган на Обединетите нации, Грција ќе ја проучи одлуката, се вели во соопштението на грчкото Министерство за надворешни работи.

Правната победа на Македонија над Грција не беше „среќна вест“ за грчките новинари.

Судот со 14 гласа за наспроти два против  утврдил дека има надлежност да постапува во однос на апликацијата на Македонија за прекршување на Времената спогодба од страна на Грција со приговарањето на членствтото во НАТО на Самитот во Букурешт 2008 година. Судот не го прифати ниту приговорот на Грција дека со прифаќање на случајот ќе се вмеша во преговорите за името што се водат под покровителство на ОН.

Одлуката беше јасна- -Грција го прекршила член 11 од Времената спогодба со блокирањето на приемот на Македонија во НАТО на Самитот во Букурешт во 2008.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top