Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска ги презентираше најновите измени од законот за безбедност во патниот сообраќај кои беа усвоени на последната седница на Владата.
“Стекнување на возачка дозвола на 16 години, регулирање на сообраќајот на кружните текови и заострување на казнената политика за паркирање на места предвидени за лицата со посебни потреби се најновите измени во законот за безбедноста во сообрајот“, изјави Јанкуловска.
Според Јанкулоска, овие измени се донесени се со цел да се подобри безбедноста во сообраќајот и да се намали бројот на сообраќајни несреќи.
“Подобро да се едуцираат младите отколку да се казнуваат. Според Европското законодавство овој закон е потполно издржан и следејќи го примерот на други земји каде веќе се практикува ќе треба да донесе добри резултати“, истакна Јанкуловска.
Малолетниците со навршени 16 години ќе можат да се стекнат со возачка дозвола само доколку исполнуваат одредени услови меѓу кои: да се психофизички здрави, да поседуваат лична карта, да имаат најмалку основно образование и најважно од се’ е да имаат согласност од родителот или старател.
Вклучувањето на малолетниците во сообраќајот има и ограничувања , малолетниците не смеат да управуваат со возилата од 20.00 до 05.00 часот без придружба на родител кој исто така треба да поседува возачка дозвола , да возат 60 километри на час на јавен пат и 80 на пат за моторни возила.
За непочитување на правилата во сообраќајот за малолетниците следува казан до 300 евра во денарска противредност и од 3 до 12 месеци забрана на управување со возилото.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град