Македонците и со дупнати џебови, штедат

Расте штедењето- граѓаните и фирмите и во криза штедат, најмногу во денари. Банките евидентирале пораст на штедењето за 7,5% или за 178 милиони евра.

 |   | 
piggy bank
piggy bank

piggy bankРасте штедењето- граѓаните и фирмите и во криза штедат, најмногу во денари. Банките евидентирале пораст на штедењето за 7,5% или за 178 милиони евра.
,,Луѓето штедат, затоа што имаат верба во банкарскиот сектор и покрај финансиските случувања надвор, во Македонија расте штедењето, но не како минатата година,, вели претседателот на здружението за банкарство, Ѓорги Јанчевски.
Вкупните штедни влогови изнесуваат 3,6 милијарди евра. Се штеди бидејќи денарот е стабилен, а банките се сигурни- уверува гувернерот Богов.
,, Се зголемува довербата особено во денарско штедење, тоа е она што сакаме да го постигнеме,, изјави гувернерот Димитар Богов.
И Владата штеди- тврди министерот Ставрески. Нискиот буџетски дефицит бил доказ за тоа.
,, Штедиме како пред така и за време на кризата, веќе преземавме неколку мерки, ги намаливме непродуктивните расходи и одржавме низок буџетски дефицит, така да Владата во тој домен се однесува домаќински,, вели министерот за финансии, Зоран Ставрески.
Банкарската фела засега не очекува намалување на каматните стапки, иако Народната банка веќе ја намали задолжителната резерва.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top