Од утре казни до 3000 евра за објекти без фасада

Утре градежната инспекција излегува на терен, а казни од 100 до 3.000 евра ќе следуваат за сопственици на куќи и за инвеститори на згради и други објекти кои се без фасада.

 |   | 
fasada
fasada

Утре градежната инспекција излегува на терен, а казни од 100 до 3.000 евра ќе следуваат за сопственици на куќи и за инвеститори на згради и други објекти кои се без фасада. Овие одредби се дел од Законот за градење, донесен во 2009 година, но ќе почнат да се спроведуваат за два дена, бидејќи Владата даде рок од две години за прилагодување на новините.

Градоначалниците најавуваат тивок бојкот на Законот за градење, кој налага казни до 3.000 евра за сопствениците на објекти кои немаат фасада. Дел од градоначалниците тврдат дека Законот е неприменлив, дел пак, воопшто не се информирани дека Законот стапува на сила од утре.

“Прво мора да видиме што ќе се легализира, а што не, за да не го тераме некој да гради фасада, а потоа да не ги исполнува условите за легализација и да мора да го урнеме. Потоа ќе мора да го почитуваме Законот, но ќе се казнуваат прво тие во центарот на градот, затоа што ја нагрдуваат сликата“- Александар Петрески, градоначалник на Охрид.

Државниот градежен инспекторат остана глув на прашањата за спроведливоста на Законот. Во Министерството за транспорт велат дека доколку граѓаните и инвеститорите не постават фасади, ќе бидат казнети од 100 до 3.000 евра. Но, според изјавите од општините, ни граѓаните, ни градежните инспектори не се многу среќни поради високите казни.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top