Македонија по втор пат во фокусот CNN

Македонија повторно во фокусот на американските медиуми. На медиумскиот гигант Си Ен Ен, почнувајќи од денес па се до 19-ти овој месец, економските, политичките и културните збиднувања во нашата земја, ќе бидат само некои од темите за кои ќе стане збор во серијалот специјални емисии насловени како Aj Он.

 |  Крсте Голабоски  | 
eye on
eye on

На медиумскиот гигант Си Ен Ен, почнувајќи од денес па се до 19-ти овој месец, економските, политичките и културните збиднувања во нашата земја, ќе бидат само некои од темите за кои ќе стане збор во серијалот специјални емисии насловени како Aj Он.

Реновираниот аеродором Александар Велики, Проектот Скопје 2014, пејачката и хуманистка Есма Реџепова, режисерот Милчо Манчевски, компанијата за специјални филмски ефекти Еф-Икс-3 Икс, се само некои од темите за кои Си-Ен-Ен ќе известува во својот серијал получасовни емисии насловен како eye On. Образовниот систем и невработеноста исто така се меѓу темите кои ќе бидат во фокусот на програмата на овоj получасвоен телевизиски магазин, кој започнува со емитување денеска.

ploshtad Makedonija

Преку слики и факти, насловени како „Необичен национален херој“, „Културна ренесанса или комплекс“, „Од антички ископини до длабоки езера“, во рамките на серијалот „Ај он“, Џим Клемси, еден од брендовите на светската ТВ мрежа ќе се јавува во живо од различни локации низ земјава. Получасовните репортажи ќе ги подготвува новинарот Атика Шуберт. Минатата година, извештаи, репортажи и јавувања во живо се правеа во рамки на програмата Ај лист. Пред Македонија, програмата Eye on на ЦНН ги обиколи Индија, Германија, Украина, Грузија и Полска. Ова претставува своевидно продолжение на промоцијата на нашата држава во светските медиуми.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top