Македонскиот филм „Панкот не е мртов“ на режисерот Владимир Блажевски е на пат кон Лос Анџелес, тој е кандидат за Оскар за филмови од неанглиско говорно подрачје.
Во истата катергорија влегуваат пет филмови кои се ќе борат за најпрестижната награда.
Филмот викендов беше премиерно прикажан во Лондон.
„Панкот не е мртов“ оваа година победи во селекцијата „Исток на западот“ (East of The West) на 46. Интернационален филмски фестивал во Карлови Вари.
На Блажевски ова му е трет игран филм (Хај Фај, 1987 и Булевар на револуцијата, 1992).
Филмот на Блажевски е црна комедија за панкери на 40-ина години и без перспектива кои живеат на маргините на општеството во транзицијата.
Нивното рутинско секојдневие е нарушено од неочекувана понуда – да го обноват својот панк-бенд кој бил култен пред 17 години и тоа на еден мултикултурен хепенинг во Дебар кој треба да прикаже релаксирани меѓуетнички односи во Македонија.
Раскажува приказна за обидот повторно да се соберат некогашните членови на групата кои се раселиле по републиките на некогашна Југославија.
Во актерската екипа се Јордан Симонов, Тони Михајловски, Камка Тоциновски, Владимир Тулиев, Кирил Поп Христов, Џевдет Јашари. Директор на фотографија е Димо Попов, музиката е на Александар Пејовски.
Во Македонија, „Панкот не е мртов“ беше премиерно прикажан оваа година во март, по повод отворањето на Скопскиот филмски фестивал.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град