Неформалниот Сојуз на Југословените во Македонија, по повод предстојниот попис на населението што ќе се реализира од 1 до 15 октомври 2011. ги повикува сите граѓани на Република Македонија кои се чувствуваат како Југословени, без разлика на пол, вера, возраст, политичко или било какво определување, на пописот слободно да се изјаснат како такви.
– Во текот на предходната недела беше остварен контакт со државниот завод за статистика и добивме потврда дека доколку некој граѓанин во врска со националната, односно етничката припадност се изјасни како Југословен или Југословенка, така ќе биде и запишан, се вели во соопштението од овој Неформален Сојуз на Југословените во Макеоднија.
Неформалниот Сојуз на Југословените го поздравува тоа што на граѓаните од југословенска националност им се дава можност да се изјаснат како Југословени, бидејќи според нив, на пописите во 1991, 1981, 1971 и 1961 година илјадници граѓани на Македонија, а стотици илјади граѓани на Југославија се декларираа како Југословени.
– Што се однесува до изјаснувањето за мајчин јазик ги повикуваме сите Југословени слободно да го наведат (на пример: македонски, албански, турски, ромски, влашки), меѓутоа Југословените-говорници на една од варијантите на српскохрватскиот/хрватскосрпскиот јазик ги охрабруваме да се изјаснат дека мајчиниот јазик им е српскохрватскиот односно хрватскосрпскиот, и со тоа јасно да дадат до знаење дека не го прифаќаат вештачкото политичко цепање на својот јазик во неколку јазици-дијалекти, се вели во соопштението.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град