Општина Штип и официјално го доби сертификатот со кој се озаконува брендирањето на „Штипската пастрмајлија“. Локалната самоуправа планира да се дизајнираат специјални налепници за угостителските објекти со кои ќе се информира дека во соодветниот ресторант се подготвува брендираната „Штипска пастрмајлија“. Угостителите за тоа ќе плаќаат симболичен паушален надомест на годишно ниво.
Угостителите надвор од Штип кои сакаат на своето мени да ја подготвуваат брендираната „штипска пастрмајлија“ ќе плаќаат посебна сума изготвена по посебен тарифник. Сите субјекти кои подготвуваат пастрмајлија ќе можат да вклучуваат на менито само пастрмајлија а не и изразот, односно брендот „Штипска пастрмајлија“ која согласно укажувањето на Државниот завод за индустриска сопственост се подготвува со заштитен рецепт.
Чинот на брендирање за што беше потребен подолг период доаѓа непосредно пред манифестацијата „Штипска пастрмалијада 2011“ која ќе се оддржи од 23 до 25-ти септември на улицата „Ванчо Прке“ во Штип. Во текот на оваа недела ќе се организира и средба помеѓу штипските угостители, општината и претставници на Државниот завод за индустриска сопственост во врска со обврските и правилата кои произлегуваат од брендирањето на „Штипската пастрмајлија“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град