„Декларацијата за независност“ достапна за сите, сегашните и идните поколенија

Свечено предадена од претседателот  на Собранието Трајко Вељаноски, почесната гарда на Армијата на Република Македонија  ја однесе Декларацијата за независноста во музејот на Македонската борба за државност и самостојност.

 |   | 
nezavisnost proslava
nezavisnost proslava

Свечено предадена од претседателот  на Собранието Трајко Вељаноски, почесната гарда на Армијата на Република Македонија  ја однесе Декларацијата за независноста во музејот на Македонската борба за државност и самостојност.

Преку портата „Македонија“, минувајќи низ плоштадот и Камениот мост, Декларацијата пристигна онаму каде што заслужува да биде, во музејот, јавно достапна за сите граѓани на Република Македонија.

nezavisnost proslava

По пристигнувањето во музејот на македонската борба за државност и самостојност, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов ја постави Декларацијата за независност во централниот дел на музејот.

Иванов истакна дека Музејот ги осветлува сите скриени катчиња и периоди од нашата историја.

-Историјата била и останала вистина. Тоа што се случило останува вистина. Неможе други да си ја препишуваат и да ја искривуваат историјата, нагласи македонскиот претседател.

По дваесет години чувана во Државниот архив зад затворени врати и далеку од очите на граѓаните, сега овој значаен документ за нашата татковина е јавно достапен за сите.

Сегашните и идните поколенија ќе знаат, бидејќи ќе може да видат.

nezavisnost proslava

nezavisnost proslava

nezavisnost proslava

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top