Едно задоцнување на час ќе го чини ученикот 600 денари казна, а 1.000 евра казна ќе заработат наставниците кои отсутните ученици нема да ги заведат во дневник до 15-та минута од часот. Со вакви строги критериуми биле дочекани родителите на учениците на првите родителски средби во некои основни и средни училишта, додека дел од наставниците и професорите се кои фрапирани од ваквата одлукa. Просветни испектори ќе имале засилени контроли на терен во следниот период.
Револтираните родители се плашат да зборуваат пред камера, загрижени дека тоа би можело да има негативни последици врз нивните деца.
Од друга страна, Џорџе Арсов, првиот човек на Државниот просветен инспекторат, вели дека такви казни во законите за образование не се предвидени.
– Финансиски санкции за ученици доколку закаснат на настава , такво нешто не постои во законот, ниту за основно, ниту за средно образование ниту во законот за државна просветна инспекција. Постојат други педагошки мерки, кои директорите, наставниците, класните раководители, можат да ги преземат против нередовните ученици. Меѓутоа финансиски санкции такво нешто не постои. Исто така и за наставниците постојат санкции, педагошки мерки кои нередовно и неквалететно ја водат педагошката евиденција. Меѓутоа заради закаснување од 15 минути и неевидентирање таква мерка не постои – вели Арсов.
Тој им порача на родителите, доколку така им било кажанo во училиштата, да го известат просветниот инспекторатот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град