Каролина ќе ја пее „Македонија“ за 20-годишнината од независноста

Тоа е композиција на музика и аранжман на Кире Костов и текст на Миодраг Врчаковски. Свечената песка е избрана од комисијата едногласно, а ќе ја пее Каролина Гочева на спектаклот за прославата на Денот на независноста на плоштадот Македонија.

 |   | 
Karolina
Karolina

Тоа е композиција на музика и аранжман на Кире Костов и текст на Миодраг Врчаковски. Свечената песка е избрана од комисијата едногласно, а ќе ја пее Каролина Гочева на спектаклот за прославата на Денот на независноста на плоштадот Македонија.

Министерството за култура соопшти дека оваа песна е изборот на комисијата од 13 песни кои пристигнаа на конкурсот за изработка на композиција која ќе биде изведена на генералната прослава на 8 Септември што ја организира Владата на Република Македонија, објавен на 27 јули.

Изборот оваа песна да ја одбележи 20 годишнината на РМ го направи комисијата во состав проф. Стојан Стојков – композитор, проф. Живоин Глишиќ – композитор и аранжер, проф. м-р Гордана Јосифова Неделковска – репродуктивен уметник, проф. м-р Саша Николовски Ѓумар – диригент, Ванчо Димитров – музички уредник, Михаил Ренџов – поет, Ѓорѓи Барбаровски – поет и новинар, вон. проф. м-р Сашо Татарчевски – диригент и Јета Старова-репродуктивен уметник. Одлуката била донесена едногласно.

Прославата на дваесет годишнината од независноста на Македонија, предвидува голем спектакл. На овој ден ќе биде свечено отворена фонтаната на 13 метарскиот „Воин на коњ“, Музејскиот комплекс, „Македонска борба“, како и реконструираниот аеродром „Александар Велики“

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top