За верниците со исламска вероисповед денеска почнува муслиманскиот свет месец Рамазан, кога пророкот Мухамед го објавил Куранот.
Рамазан е период во кој исламските верници се молат и постат од изгрејсонце до зајдисонце, апстинирајќи од секаков вид храна. Рамазан е месец на молитви и добри дела.
Во текот на Рамазан припадниците на исламот треба да се чуваат од злодела и лоши мисли.
Припадниците на исламот кои не можат да постат во текот на Рамазан, должни се да ги постат пропуштените денови, кога ќе имаат можност.
Доколку во текот на Рамазан ненамерно се прекине постот, тој може да биде повторно продолжен. Постот има и здравствена димензија.
Според исламскиот пророк Мухамед, да се пости значи да се биде здрав.
Рамазанот завршува со Фитер Бајрам, кој трае три дена.
По повод месецот Рамазан, поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија Реис Улема Сулејман ефенди Реџепи до верниците со исламска вероисповед упати рамазанска порака во која ги повика верниците на меѓусебно разбирање и толеранција и им посака здравје, бериќет и духовен мир.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град