Македонија пред закана од пожари

Во Демир Капија, Свети Николе, Гевгелија, како и во валандовскиот, струмичкиот и во виничкиот регион денеска се очекува зголемена опасност од избивање на пожари.

Во Демир Капија, Свети Николе, Гевгелија, како и во валандовскиот, струмичкиот и во виничкиот регион денеска се очекува зголемена опасност од избивање на пожари, поради сончевото време и високите температури, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување.

Поради ова припадниците на територијалните противпожарни единици и подрачните  одделенија на Дирекцијата за заштита и спасување и на Центарот за управување со кризи ќе бидат на ниво на најголема мобилност во сите региони во државава. Со цел да се спречи евентуалното настанување на шумски пожари Координативното тело за заштита на шумите од пожари повторно апелира граѓаните да ја почитуваат воведената делумна забрана за движење во шума и шумскиот ред. Забрането е и палење на стрништата, се вели во соопштението.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top