Собранието ги донесе измените на Законот за употреба на знамињата на заедниците во Македонија

Измените на Законот за употреба на знамињата на заедниците предвидуваат локалните самоуправи, во кои над 50 отсто од населението се припадници на заедницата.

 |   | 
znaminja
знамиња

znaminjaСобранието денеска  по скратена постапка ги донесе измените на Законот за употреба на знамињата на заедниците во  Македонија. Иницијативата за измените на Законот  ja поднесоа  пратеници на ДУИ.  За измените гласаа 63 пратеници, 40 беа против, а воздржани немаше. Од присутните 22 припадници на помалите етнички заедници согласно бадентеровиот принцип на гласање, за гласаа 17, а 5 беа против.  Измените на Законот за употреба на знамињата на заедниците предвидуваат локалните самоуправи, во кои над 50 отсто од населението се припадници на заедницата, да може го истакнуваат нивното знаме заедно со државното на објектите од јавен и локален карактер. Се предвидува, исто така, државното знаме да биде една третина поголемо од другите знамиња. Знаме на заедницата ќе се истакнува при официјална посета на висок претставник на меѓународната заедница и во денови на одржување манифестации од локален и меѓународен карактер.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top