Составот на новата влада

Листата со новиот состав на кабинетот предадена во Парламентот.

 |   | 
влада
vlada

Мандатарот Никола Груевски синоќа до Собранието на Република Македонија ја достави владината програма и имињата на новите министри во новиот владин кабинет.

Вицепремиерските места од ВМРО-ДПМНЕ ги задржуваат Зоран Ставрески и Владимир Пешевски. Гордана Јанкулоска останува на чело на МВР, додека Министерството за култура и натаму ќе го води Елизабета Канческа-Милевска.
vlada
Никола Попоски, досегашниот амбасадор во ЕУ, ќе ја раководи македонската дипломатија, Никола Тодоров ќе биде прв човек на Министерството за здравство, а нов министер за образование и наука од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е Панче Кралев.

Министер за администрација и информатичко општество останува Иво Ивановски, како и Миле Јанакиески, кој ќе го води Министерството за транспорт и врски.

Министерството за земјоделство и во овој состав и припадна на Социјалистичката партија и ќе продолжи да го води Љупчо Димовски. Министер за труд и социјална политика ќе биде Спиро Ристески, кој досега беше заменик-министер во овој ресор.

Од редовите на коалицискиот партнер ДУИ има двајца  вицепремиери – за европски интеграции е Теута Арифи, а за спроведување на  Рамковниот договор – Муса Џафери. Валон Сарачини ќе го води ресорот економија, а досегашниот министер Фатмир Бесими преминува на чело на Министерството за одбрана.
Екологија ќе ја води Абдулаќим Адеми, локалната самоуправа Невзат Бејта, а министер за правда ќе биде Блерим Беџети.

Министри без ресор остануваат Неждет Мустафа, Хади Незир и Веле Самак.

Од синоќа почна да тече 15-дневниот период предвиден со закон за гласање во Парламентот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top