Скоро 31 отсто од Македонците живеат во сиромаштија

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2010 година процентот на сиромашни лица во Република Македонија изнесува 30,9 отсто.

 |   | 
siromashtija
сиромаштија

siromashtijaСпоред податоците на Државниот завод за статистика, во 2010 година процентот на сиромашни лица во Република Македонија изнесува 30,9 отсто.

Анализирано по профили, најранливи групи се повеќечлените домаќинства имајќи го предвид фактот дека 47,3 отсто од сиромашните живеат во домаќинства со пет и повеќе членови.

Стапката на сиромаштија кај невработените е 41,8 отсто, односно 44,8 отсто од сите сиромашни се невработени лица.

Образованието на главата на домаќинството, исто така, влијае на бројот на сиромашни лица. Имено, 54,7 отсто од сиромашните лица живеат во домаќинства во кои носителот на домаќинството нема или има завршено најмногу основно образование.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top