Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) подготвува правилник со кој ќе се предвидува на пазарот да се продаваат само здрави, унифицирани, соодветно класифицирани, спакувани и складирани плодови.
Целта е дефинирање на минималните стандарди за преработка и тргување со овошјето и зеленчукот.
Со дел од правилниците ќе се прецизираат и надлежностите на Државниот инспекторат за земјоделство кој треба да ја спроведе контролата на квалитетот на овошјето и зеленчукот на домашниот пазар, како и на увезените и извезените количества.
– Новите подзаконски акти, освен минималните стандарди, ќе ги пропишуваат и дозволените отстапувања во однос на квалитетот, начинот на класифицирање, пакување и обележување, како и специфичните стандарди што ќе се бараат за одредена категорија овошје и на зеленчук. Ќе мора да се обрне внимание и на пакувањето и на начинот на складирање на овошјето и на зеленчукот како предуслов за квалитет и создавање услови за лесен и непречен транспорт без да се наруши квалитетот на производите, велат од МЗШВ.
Новите правилници за уредување на пазарот со овошје и зеленчук се и предуслов за зголемување на конкурентноста на земјоделските производи и преработки на домашниот и на странските пазари.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град