Започна монтажата на споменикот „Воин на коњ“ (кој го претставува Александар Македонски на Букефал) на плоштадот Македонија во центарот на Скопје. Ова е најголемиот споменик на Александар Македонски во светот.
Споменикот е висок 12 метри, по идејно решение на Валентина Стевановска а ќе биде поставен на постамент висок 10 метри. Во моментов работници монтираат скелиња околу фонтаната, која ќе послужи како постамент за споменикот. На плоштадот се поставени и делови од споменикот чие монтирање ќе започне во текот на денот.
Споменикот е изработен во италијанската леарница „Фернандо Маринели“.
Целосното завршување на споменикот, како што велат од Општина Центар, ќе зависи од временските услови и најверојатно нема да трае подолго од 10 дена.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град