ЕУ не донесе одлука за безвизниот режим за Македонија и Србија

Министерскиот Совет на Европската Унија за внатрешни работи и правда во Луксембург не донесе одлука за суспензија на безвизниот режим за Македонија и Србија.

 |   | 
Sesilija Malmstrom
Сесилиа Малмстром

Sesilija MalmstromМинистерскиот Совет на Европската Унија за внатрешни работи и правда во Луксембург не донесе одлука за суспензија на безвизниот режим за Македонија и Србија.
„Ние не предвидовме суспензија на (безвизниот режим). Механизмот за суспензија беше разгледуван денеска, но не во овој контекст. Суспензијата ќе се прави во специфични услови, утврдени од Комисијата, што ќе се најде во законодавството за визите, како заштитна клаузула“, нагласи европската комесарка за внатрешни работи Сесилиа Малмстром, пренесува Дојче веле.
Според документот на Европската комисија, разгледуван во Луксембург, за враќање на визите може да одлучи во три случаи: ако во период од шест месеци, една земја на ЕУ констатира зголемување од 50 проценти на баратели од азил, или пак зголемување за 50 проценти на илегалци или пак 50 насто повеќе реадмисии за една иста земја.
Малмстром нагласи дека за случајот на Македонија и Србија денеска се водело долга дискусија на Советот за внатрешни работи и правда на ЕУ вчера во Луксембург.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top