Собирачи на пластика со тапија

19 неформални собирачи на отпад потпишаа договори со Јавното комунално претпријатие (ЈКП) Комунална хигиена и добија легитимации, што им дава правно признание за нивните активности.

 |   | 
sobiranje plastika
собирање пластика

usaid19 неформални собирачи на отпад потпишаа договори со Јавното комунално претпријатие (ЈКП) Комунална хигиена и добија легитимации, што им дава правно признание за нивните активности. УСАИД Проектот за рециклирање на пластика, заедно со ЈКП и Пакомак (првата овластена компанија за упрaвување со отпад) одржаа церемонија на потпишување за да го означат овој нов развој во македонската индустрија за рециклирање.

sobiranje plastikaИлјадници луѓе во Македонија зависат од неформалното собирање на материјали за рециклирање. При усвојувањето на Законот за пакување и отпад од пакување голем предизвик беше како да се вклучат неформалните собирачи во формалниот систем за управување со отпад. Се досега, овие собирачи се сметаа за некомпатибилни со современиот систем за управување со отпад. Како резултат на напорите на УСАИД Проектот за рециклирање на пластика, за прв пат, сите релевантни партнери увидоа дека неформалните собирачи можат да бидат составен дел од формалниот систем за упрaвување со отпад, и се согласија да соработуваат во решавањето на социјалните, здравствените, како и проблемите на вработување и управување со отпад.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top