Смртта на 22-годишниот Мартин Нешковски кој во неделата вечерта на прославата на ВМРО-ДПМНЕ беше брутално претепан од припадникот на полициската специјална единица “Тигар“, Игор Спасов, ги крена младите на нозе. Протести се планираат секој ден, а денешниот протест ќе се одржи во 18.00 часот пред споменикот на Мајка Тереза, каде што повторно ќе се соберат млади луѓе кои ќе го искажат својот револт против бруталното убиство на млад човечки живот.
Ваквите вести редовно се пренесуваат преку Фејсбук и Твитер, од профил до профил или преку групите кои се појавуваат и исчезнуваат, па пак се појавуваат.
Учесниците се повикуваат како единствено оружје да го понесат својот глас и реквизити кои што прават бучава, но никако со насилство, а на тој начин да го искажат своето незадоволство против полицијата, која наместо да ги заштити, ги тепа младите.
Протестите овие денови почнаа скромно, на денот кога момчето беше убиено со педесетина лица кои што се собраа во градскиот парк. Продолжија вчера кога низ градот продефилираа речиси 1 000 луѓе. А од денес, секој протест ќе биде уште помасовен, сè додека правдата за младиот Мартин не се слушне јасно и гласнo.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град