Со оценка од 4.14 од 138 земји во светот, пред Македонија се наоѓаат Словенија (4,77), Црна Гора со оцена од 4,75, Босна и Херцеговина (4,39), Хрватска (4,32), Србија (4,26) и Бугарија (4,20).
Послободни медиуми од Македонија имаат и Мавританија (4.14), Танзанија која има оценка од 4.26, Нигерија (4.27), Кенија (4.36), Камерун (4,66) како и Уганда со (4,74).
Извештајот ја анализира слободата на медиумите во периодот од 2009-тата и 2010-тата година и се мери со оценките од 1 што значи комплетно рестриктирани медиуми до оценката 7 за целосно слободен печат.
Најслободни се медиумите во Данска, втора на листата е Шведска, потоа доаѓаат Норвешка, Холандија, Нов Зеланд, Финска, Швајцарија, Германија, Канада и Белгија.
Најлошо според овој извештај стои Зимбабве каде слободата на медиумите добила најниска оцена од 2,43. На дното на табелата се и Либија, Иран, Турција, Сирија, Венецуела, Мадагаскар, Боливија а не стои добро ниту Русија која добила оценка од 3,47.
Глобалниот извештај за технологија 2010-2011 издаден од Светскиот Економски Форум го потврдува лидерството на нордиските земји и земјите со брз економски развој од Азија во усвојувањето и имплементирањето на информациско комуникациските технологии.
Шведска и Сингапур продолжуваат да водат на табелата на Глобалниот извештај за технологија, додека Финска е на трето место, а Швајцарија и САД се стабилни на четвртото и петтото место.
Десетиот по ред извештај се фокусира на моќта на информациско комуникациските технологии да го променат општеството во следната декада преку модернизација и иновација.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град