Во организација на Австралискиот огранок на Обединета Македонска Дијаспора во Перт, Австралија за првпат се одржа фествивал на македонска храна и пијалоци.
Еднодневниот фестивал беше посетен од неколку илјади студенти и како граѓани на Западна Австралија кои имаа можност да вкусат македонско вино, како и македонски кулинарски специјалитети.
Во присуство на високи претставници на австралиската влада како и дипломатски претставници на повеќе странски држави, фестивалот свечено беше отворен од страна на парламентарецот и претседавачот на Западноавстралиско-Македонската парламентарна комисија за пријателство , Тони Крстиќевиќ заедно со почесниот Конзул на Македонија , Зоран Ќосески.
Фестивалот беше збогатен со настапот на КУД “Гоце Делчев“ од Македонија и Петре Георгиевски, кој свири повеќе македонски народни инструменти.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град