Здравје значи грижа за себе, посветување време на превенција. Денеска на одбележувањето на Денот на здравјето се одлучивме да посветиме внимание токму на превенцијата. Низ Скопје поделивме 12 илјади практични пораки со 20 совети како со најмал напор да се подобри човековото здравје. Сакавме на ваков невообичаен начин да ја подигнеме свеста на граѓаните дека за здравје е потребно мало внимание и следење на практични совети, изјави доктор академик Жан Митрев.
Оваа активност е во согласност со светското мото за одбележување на денот – ако нема активност денес, нема ниту лек утре. Тоа се однесува и на кардиоваскуларните болести кои токму поради новиот начин на живот, стресот и неправилната исхрана се со зголемен број.
„Не е доволно само еден ден да се посвети внимание на едукација за превенција. Ние во Филип Втори сметаме дека токму едукацијата е важна компонента за намалување на бројот на кардиоваскуларни заболувања“, додаде Митрев.
Кардиоваскуларните заболувања во земјава се број еден причинител за смртноста, дури 40% од сите смртни случаи отпаѓаат на овој тип на заболувања. Околу 600 смртни случаи на сто илјади жители се регистрирани во Македонија, а годишно од срце заболуваат околу 1500 граѓани.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град