Граѓаните денеска и утре ќе може да ги поднесуваат даночните пријави и попладне. Управата за јавни приходи информира дека последните два дена од истекувањето на рокот на пријавување данок нивните шалтери ќе работат од 8,30 до 20 часот.
Според последните податоци, до Управата за јавни приходи (УЈП) се поднесени околу 100 илјади годишни даночни пријави. До истекот на законскиот рок се очекува уште над 50 илјади граѓани да ги пријават ланските приходи.
Со цел да се избегнат метежи, УЈП потсетува и на можноста граѓаните својата годишна даночна пријава да ја достават и преку пошта.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град