Совети како да заштедите гориво

Во време кога цената на нафтата секојдневно расте, сите возачи се соочуваат со ист проблем- за иста сума пари на бензинска пумпа точи се помалку гориво, а со тоа минува се помалку километри.

 |  Маја Савиќ  | 
gorivo
гориво

avtomobiliВо време кога цената на нафтата секојдневно расте, сите возачи се соочуваат со ист проблем- за иста сума пари на бензинска пумпа точи се помалку гориво, а со тоа минува се помалку километри. Поради тоа неизбежна тема за која размислуваат сите возачи е како да вози најоптимално, односно, да минува што е можно повеќе километри со помалку гориво.

За да ви ја олесниме маката ќе ви помогнеме со неколку совети за тоа:

1. Ако сакате на заштедите гориво потрудете се да возите под ограничувањето. Наместо 120 км/ч на автопат возете 100 км/ч, наместо 80 км/ч ограничете ја брзината на 60 км/ч, таму каде што е дозволено 60 км/ч возете 50км/ч.

2. Заборавете на нагли реакции. Одржувајте растојание од возилата пред вас и постепено забрзувајте и кочете. Настојувајте да ги одржувате вртежите на моторот на 2.000 за дизел и 2.500 за бензинци.

3. Ако имате багажник на кровот, а не го користите симнете го. Не возете со отворен прозор над 50 км/ч. Што е поаеродинамичен вашиот автомобил со тоа се троши помалку гориво.

4. Познато е дека полесните автомобили трошат помалку, затоа исфрлете се што ви е непотребно од возилото.

5. Освен што е несигурно, возењето со пневматици со низок притисок дополнително го троши возилото. Податоците за прописите за оптимален притисок можете да го најдете во книшката од вашиот автомобил или на внатрешната страна од вашата врата.

6. Автомобилот кој редовно не се одржува троши повеќе. Редовно менувајте ги потрошните делови.

7. Ако чекате на семафор или во колона подолго од минута, изгаснете го моторот.

8. Користењето на клима уредот ќе ве чини и до половина литар гориво на сто километри. Затоа користете ја обичната вентилација.

9. За да ги увидите предностите на штедливата техника секој пат кога ќе ставите гориво ресетирајте го бројченикот за изминати километри. Така најдобро ќе видите колку километри успевате да минете со применетите совети.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top