Во касарната ,,Илинден“ во Скопје денеска ќе се одржи свеченост по повод донацијата на објекти за обука од страна на САД, како и доделување на одликувања на припадници од полкот за специјални операции (пСО) на АРМ за учеството во мисијата „Слобода за Ирак“.
Во касарната ,,Илинден“ во Скопје денеска ќе се одржи свеченост по повод донацијата на објекти за обука од страна на САД, како и доделување на одликувања на припадници од полкот за специјални операции (пСО) на АРМ за учеството во мисијата „Слобода за Ирак“.
На свеченоста во името на САД донацијата ќе ја предаде командантот на Здружената команда на НАТО во Неапол, адмиралот Марк Фитџералд кој ќе ги додели и одликувањата. Адмиралот Фитџералд пред чинот на врачување на донацијата, за покажаните високи резултати и успешно и професионално извршување на задачите во мисијата „Слобода за Ирак“ на 59 припадници на пСО кои учествувале во шестата, седмата, осмата, деветтата и десеттата ротација од оваа мисија, на свечен начин ќе им додели одликувања и медали на Армијата на САД и тоа 1 бронзена ѕвезда, 12 медали за достигнувања на Армијата на САД и 46 медали за пофалба на Армијата на САД.
Донацијата која на пСО на АРМ ќе му биде предадена од страна на САД е со вредност од околу 200.000 американски долари, а се состои од повеќенаменска репелинг кула за алпинистичка обука и куќа за изведување гаѓање („Схоотинг Хоусе”). Со користењето на овие објекти, кои се единствени од овој вид во регионот, единиците за специјални операции на АРМ ќе бидат во можност да изведуваат модерна и квалитетна обука, со што значително ќе се приближат кон стандардите на НАТО предвидени за овој вид на обука. Инаку, овие објекти во голема мерка ќе бидат употребени на претстојната здружена вежба на специјалните единици на земјите од Јадранската повелба „Јадрански орел“ што ќе се одржи овој месец.
На свеченоста во касарната „Илинден“ ќе присуствуваат и министерот за одбрана Зоран Коњановски, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски, В.Д. амбасадорот на САД во Република Македонија Томас Навратил и други високи гости.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град