Поскапуваат бензините и дизел горивата

Цената на бензините од утре се зголемува за 2,5 денари, а на дизел горивата за 2, односно 1,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ)

 |  Маја Савиќ  | 
benzini
бензини

Цената на бензините од утре се зголемува за 2,5 денари, а на дизел горивата за 2, односно 1,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ)

benziniСо одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,27, односно за 3,78 отсто.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 78,50 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) со одлуката на РКЕ се зголемува за два денара по литар и ќе чини 67,50 денари, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,5 денари и се продава за 56 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,495 денари и ќе изнесува 39,565 денари за килограм.

Како причина за зголемувањето на цената на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 5,89 отсто повисоката просечна цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период, како и за 0,03 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top