Создавање на Балканска унија?!

Единствен начин да се стабилизира Балканот е Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија, Косово и Албанија да се обединат во Балканска унија, дознава „Сан“ од свои извори во меѓународната заедница.

 |  Маја Савиќ  | 
balkanska unija
Балканска унија

Единствен начин да се стабилизира Балканот е Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија, Косово и Албанија да се обединат во Балканска унија, дознава „Сан“ од свои извори во меѓународната заедница.

Според некои извори, идејата потекнува од Вашингтон, која наиде на одобрување во Европа и Европската унија е подготвена да ја реализира, секако со цврст и силен ангажман на САД.

На прашањето од каде и зошто Балканска унија, не е тешко да се открие одговорот – поради глобалната економска криза, но и од потресите и неслогите внатре во Европската унија, јасно е дека на одредено време примањето на нови членки ќе биде стопирано.

Успешното функционирање на Балканската унија, се оценува дека би било најдобра препорака за прием на сите нејзини членки во ЕУ, за пет до шест години.

Целокупната иницијатива е поткрепена со многу аргументи. Со формирање на Балканска унија конечно БиХ ќе стане функционална држава, ќе се намалат политичките тензии и ќе се спречи секоја можност за отцепување на РС, Србија би ги решила внатрешните работи и односите со Косово, Црна Гора би го решила српското прашање кое сеуште е отворено, во Македонија ќе се подобри квалитетот на животот, Албанија ќе отвори големи економски можности, Косово во балкански рамки конечно ќе се стабилизира.

Основањето на Балканска унија не значи основање на некоја нова Југославија ниту сојуз на држави, туку тоа би била економска унија по примерот на Бенелукс.

Балканската унија подразбира апсолутна соработка на државите членки во областа на економијата со поврзување на компании, соработка во областа на безбедноста, борбата против криминалот, изградба на патни коридори, патување со лична карта, а има и иницијатива да се воспостави и единствен царински систем.

Совет на министри би бил на чело на Балканската унија, а претседателот би се менувал секои шест месеци од друга држава членка.

Советот на министри на Балканската уника би имал исти задачи кои ги има Советот на министри за надворешни работи на државите членки на Европската унија, пишува „Сан“.

За сега на операцијата за Балканска унија нема реакции од државите на кои таа се однесува, иако од некои кругови на меѓународната заедница велат дека тоа не е точно.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top