Охридска банка од 1 јануари ги намали каматните стапки на кредитите за население до 1,6 отсто и воведе нов станбен кредит со каматна стапка 6,5 отсто фиксна за првата година.
Во банката соопштија дека корекцијата на каматите е резултат на намалувањето на каматната стапка на благајничките записи од страна на НБРМ, но и за да се излезе во пресрет на потребите на граѓаните и да се понудат поконкурентни услови.
„Каматните стапки на кеш експрес-кредитите, студентските кредити, на компакт-кредитот наменет за рефинансирање, како и на пречекорувањето на трансакциска сметка и кредитните картички се намалени до 1,6 отсто. Намалени се и каматните стапки на автомобилските кредити и воведен е нов станбен кредит со фиксна каматна стапка 6,5 отсто за првата година и фиксна каматна стапка 7,2 отсто за следните две години“, соопшти банката.
Новите каматни стапки се однесуваат за новоодобрените кредити и за постојните кредити, приспособени во согласност со регулативата. Каматните стапки на депозитите остануваат непроменети.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град