Македонија со дефицит на ИТ кадри

Бесплатните обуки кои се организираат за невработени лица имаат за цел да се зголеми бројот на лицата кој имаат познавање во овој сектор, бидејќи македонскиот пазар се соочува со дефицит на ИТ кадри.

 |  Маја Савиќ  | 
it obuki
ит обуки

it obukiБесплатните обуки кои се организираат за невработени лица имаат за цел да се зголеми бројот на лицата кој имаат познавање во овој сектор, бидејќи македонскиот пазар се соочува со дефицит на ИТ кадри.

„Проектот е за доедуцирање на невработените кадри со цел да се запознаат со најсовремени технологии и да се вклопат во приватниот сектор за развој на информатичкото општество поради тоа што во приватниот сектор има најголем дефицитарен кадар од овој вид“, рече Иво Ивановски, министер за информатичко општество.

Тој додаде дека сертификатот на запад се вреднува исто како и диплома од некој факултет и доколку се покаже успешен проектот, за наредната година ќе се зголемат средствата кои се одвојуваат за ИТ обуки.

„Заинтересираноста за обуките е огромна бидејќи овој кадар недостасува во Македонија и чувствуваме недостаток на кадарот“, изјави Даниел Даниловски, од Некстсенс.

За бесплатните обуки биле пријавени 180 лица од кои само 80 ќе потпишат договор, а целиот проект ќе изнесува 7 милиони и 300 илјади денари.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top